Екстра засилување: Струга ТЛ му го “украде“ Василев на Работнички!

559
ФОТО: F.C. Struga/FB

Големо, екстра засилување на голманската позиција во составот на Струга ТЛ. Имено предмалку стружани го промовираа Васко Василев (21), досегашниот голман на Работнички и еден од нашите најдобри млади чувари на мрежата пред кого е голема кариера.

Василев со Струга ТЛ потпиша на 2,5 години и секако дека и тоа како ќе му биде конкуренција на досега првиот голман Италијанецот Анџелети. Веројатно сега стратегот Бледи Шкемби ќе го има најдобриот тандем голмани во ПМФЛ.

Инаку Василев е и стандарден репрезентативец на Македонија до 21 година, пред Работнички бранеше и за Гостивар.

Ова значи дека Струга ТЛ и тоа како со стил го “отвори“зимскиот преоден рок.

Овој трансфер ќе биде еден од најзвучните во текот на јануарскиот преоден рок во ПМФЛ.

ПретходноГордана Нацева за првата македонска бајка: Тогаш немаше интернет, не знаевме дека цела држава е со нас
СледноКомо како фурија и во Пиза!