Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ги одбра патниците на Европското првенство кое од 15 јануари до 1 феверуари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
На списокот на предводникот на нашиот најдобар национален тим не се најдоа Томислав Јагурновски и Михаил Ивановски.
„Согласно натпреварувачката форма и здравствена состојба на играчите, последниот ракометар кој беше дел од досегашниот процес на подготовки, а по одлука на стручниот штаб отпадна од списокот патници на Европско, е Мартин Ивановски“, се вели во известувањето на РФМ.
Нашите ракометари денеска имаат слободен ден, додека утре рано заминуват за Швајцарија каде ќе одиграа три пријателски меча, против домаќинот, Бахреин и Украина. Натпреварите ќе се играат во периодот од 8-10 јануари, по што македонскат експедиција ќе замине за Хернинг, градот домаќин на нашат група. На Европското првенство, Македонија отвара против Данска (16.01), два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на 20 јанурари го игра последниот натпревар во групната фаза, за противник ја има селекцијата на Романија.
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА
Голмани: Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски
Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов
Десни крила: Ненад Костески, Никола Костески
Средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓорѓиев
Леви бекови: Филип Кузмановски, Павле Атансијевиќ, Дамјан Митев
Десни бекови: Мартин Серафимов, Мартин Велковски
Пивоти: Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Марковски










