Место не го држи: Никола Јокиќ доминира во НБА иако е повреден (ВИДЕО)

1137
Фото:X/@Tatianaclinares

Денвер ја победи Филаделфија – по продолжение (125:124) и без седум од своите најдобри играчи. Никола Јокиќ не беше на теренот, ниту другите стартери од тимот на Колорадо, но српскиот центар најде начин да придонесе за победата на својот тим дури и во таква ситуација.

Јокиќ ја презеде улогата на помошник тренер, ги советуваше соиграчите кои се бореа за победа, и на крајот се исплати.

Видеото веќе стана хит на социјалните мрежи на кое се гледа како Никола Јокиќ му дава совети на Пејтон Вотсон, еден од најдобрите кошаркари на Денвер на овој натпревар.

Тешко е да се утврди точно што Јокиќ му кажувал на Вотсон, но движењата на неговите раце јасно покажуваат дека станува збор за некои мали работи за време на самиот натпревар.

Пејтон Вотсон одигра повеќе од 44 минути на овој натпревар, постигнувајќи 24 поени, имаше седум скока и четири асистенции, а шутираше 7/13 од поле.

ПретходноЧелзи подготвува вртоглава понуда за Винисиус
СледноЕдиз Спахиу уште две години во Вардар