Како што информираат од таборот на Арсими, фудбалерите на прволигашот од Чегране од денеска се на десетдневни подготовки во Хрватска. Четата на стратегот Вилдан Салиу покрај вообичаените тренинзи ќе одигра и четири пријателски или контролни средби. Досега се закажани контролите со тимот на Илија Несторовски, Славен Белупо, потоа Вуковар и Приморје. Додека допрва ќе се знае кој ќе биде спаринг – партнер на Арсими во четвртиот меч.
Што се однесува до зимскиот преоден рок, Арсими веќе се засили со квалитетно име, а тоа е Хоган Укпа, играч за врска од Нигерија кој во минатото три сезони го носеше дресот на Струга ТЛ.
Да кажеме деке дебитантот во ПМФ, есенската полусезона ја заврши на 5.место со 22 бода и беше едно од најпријатните изненадувања.















