Македонската машка ракометна репрентација утре во раните утрински часови ќе отпатува во Швајцарија, каде финалното темпирање на формата ќе го има на пријателските натпревари во рамки на „Жолтиот куп“.
Селекторот, Кирил Лазаров го одбра составот за Европското првенство, ќе поведе 19 ракометари. Пред настапот на големото натпреварување, македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Бахреин, Украина и Швајцарија.
Познат е распоредот за овој турнир:
08.01. Македонија – Бахреин 20:30 часпт
09.01. Македонија – Украина, 17:45 часот
10.01. Македонија – Швајцарија, 18:30 часот
По завршување на турнирот, македонската експедиција ќе замине во Данска каде ќе ги направи последните подготовки за ЕП. Прв противник е токму домаќинот, дуелот со Данска е на 16. јануари, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на 20 јануари играме против Романија.










