Рајковиќ и Тофаш еден чекор поблиску до групите во ФИБА ЛШ

248
фото: TOFAŞ Spor Kulübü (X)

Нашиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговата екипа Тофаш го направија првиот голем чекор кон групната фаза на ФИБА Лигата на шампионите. Турскиот тим кој е познат по тоа што е несопирлив на домашен терен, и на денешниот европски дуел против француски Шоле пред своите навивачи не пропушти да слави.

Момците на Рајковиќ обезбедија победа од 89:75 во натпревар во кој одиграа одлично второ полувреме во кое го решија прашањето за победникот на мечот. За два дена ќе се одигра вториот меч на теренот на Французите.

Претходно„Пустинските лисици“ со гол во 119-та минута до четвртфинале на КАН
СледноЕден од нашите ривали загуби на првиот тест: Романците поразени од Италија