Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше со самодоверба и реализам пред нивниот полуфинален натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, утре во Џеда (С.Арабија). Тој го опиша турнирот како „најкраткиот пат до освојување трофеј“, но нагласи дека задачата нема да биде лесна.
„Тоа е најкраткиот пат до освојување титула, има само два натпревари. Тоа е нашата цел, но нема да биде лесно“, рече Флик, додавајќи дека другите учесници – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – исто така имаат амбиции за наградата.
Флик не го криеше своето почитување кон утрешниот противник, нагласувајќи ја нивната офанзивна моќ и брзина. Тој предупреди дека неговиот тим мора да покаже сосема поинакво лице во споредба со нивните неодамнешни натпревари, особено во одбраната.
„Играме против еден од најдобрите тимови во Шпанија. Билбао има многу опции во нападот, нема да биде лесен натпревар. Ако ги направиме истите грешки како во недела, нема да биде лесно. Мораме да работиме и да играме многу подобро во одбраната, поврзани како тим“, категоричен беше германскот стратег.










