Челзи официјално го претстави новиот тренер

585
Фото: ФК Челзи Х

Чекзи и официјално го потврди именувањето на Лиам Росениор за нов главен тренер на првиот тим. Англискиот стручњак потпиша договор со лондонскиот клуб до летото 2032 година. Росениор на „Стемфорд Бриџ“ го наследува Енцо Мареска, кој се раздели со клубот по сезона и пол, во која ги освои Светското клупско првенство и Конференциската лига.

Росениор (41) во Челзи пристигнува по ангажманот во францускиот Стразбур, со кој во својата прва сезона избори пласман во Европа – првпат по 19 години. Оваа сезона со Стразбур заврши на првото место во Конференциската лига. Претходно во Англија ги водеше Хал Сити и Дерби Каунти.

Во своето прво обраќање, Росениор изрази големо задоволство што ја презема новата улога.
„Исклучително сум почестен што сум именуван за главен тренер на Фудбалскиот клуб Челзи. Ова е клуб со единствен дух и горда историја на освојување трофеи. Моја задача е да го заштитам тој идентитет и да создадам тим кој ќе ги отсликува тие вредности на секој натпревар, додека продолжуваме да освојуваме трофеи. Довербата што ми е укажана значи многу за мене и сакам да им се заблагодарам на сите вклучени за шансата и вербата. Ќе дадам сè од себе за да донесам успех каков што овој клуб го заслужува“, додаде Росениор.

Новиот тренер на Челзи ги истакна вредностите кои ќе бидат клучни во неговата работа.

„Длабоко верувам во тимска работа, единство, заедништво и работа еден за друг – тие вредности ќе бидат во срцето на сè што правиме. Тие ќе бидат темелот на нашиот успех“, нагласи Росениор и продолжи:

Од Челзи порачаа дека Росениор докажал дека знае да гради тимови со јасен стил на игра, притоа поставувајќи највисоки стандарди за играчите и на теренот и надвор од него. Иако клубот има фокус на развој на играчите, очекувањата и амбициите остануваат високи. Во Челзи веруваат дека Росениор има способност брзо да го извлече најдоброто од тимот и да обезбеди клубот да продолжи да се натпреварува на највисоко ниво во сите натпреварувања.

ПретходноЏонов: Противниците се екстра квалитетни, ќе се обидеме да бидеме најдобрата верзија од себе
СледноЛазаров го одбра тимот за Европското првенство!