Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 111:103 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар.
Лејкерси успеаја да победат во еден од најтешките гостувања и да покажат дека не без причина се еден од фаворитите за освојување на НБА прстен оваа сезона.
Секако, повторно одличен беше Лука Дончиќ, кој заедно со Леброн Џејмс беше најефикасниот играч во тимот на Лејкерси. Двајцата постигнаа 30 поени, а Дончиќ додаде и десет асистенции и два скока. Што се однесува до Џејмс, тој беше на чекор на трипл-дабл учинок, бидејќи имаше осум скока и осум асистенции.
Сепак, најефикасен играч синоќа беше Марфи, кој одигра маестрален натпревар за Пеликанс. Тој постигна 42 поени за Лејкерси, но дури ни тоа не беше доволно за неговиот тим да победи.
Индијана Пејсерс – Кливленд Кавалирс 116:120
Вашингтон Визардс – Орландо Меџик 120:112
Мемфис Гризлис – Сан Антонио Спарс 106:105
Минесота Тимбервулвс – Мајами Хит 122:94
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Лејкерс 103:111










