Главниот тренер на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Ергин Атаман, даде смела изјава за време на тренингот на тимот денеска.
„Верувам во моите играчи и во нашиот тим. Доколку не ја освоиме Евролигата или грчкото првенство до крајот на сезоната, ќе ја напуштам Атина“, рече турскиот тренер.
Панатинаикос моментално е на 7-мо место на табелата во Евролигата по 20 кола. Во грчкото првенство, тимот е на 2-ро место со само едне пораз во 12 одиграни натпревари.










