Ентони Дејвис не сака нов договор со Далас, бара да си замине

535

Ентони Дејвис ќе има право на продолжување на договорот со Далас ова лето, no според „Атлетик“, неговите претставници не веруваат дека такво продолжување ќе се дискутира.

Покрај тоа, агентот на Дејвис, Рич Пол, наводно врши притисок врз „Маверикс“ поактивно да го истражат пазарот за размена на ветеранот. Односот меѓу играчот и тимот не е влошен, но станува јасно дека Дејвис не ја гледа својата иднина во Далас.

Од своја страна, „Маверикс“ ќе мора да ги разгледаат понудите за Дејвис, но не се чувствуваат обврзани веднаш да се согласат на договор. Раководството на тимот би сакало да процени како ќе изгледа тимот откако Кајри Ирвинг ќе се врати од повредата и ќе може да игра заедно со Дејвис и Купер Флег.

ПретходноМоќна Барса: Каталонците го декласираа Билбао за пласман во финалето во Супер Купот!
СледноШоу на Нено во дебито за Баерн! (ВИДЕО)