Пешевски: Бахреин е противник за почит, сепак ние си имаме свои планови!

391

Македонската ракометна селекција веќе е во Винтертур. Вечерва избраниците на селекторот Кирил Лазаров го одработија тренингот во пресрет на утрешниот пријателски меч против селекцијата на Бахреин.

Јасно е дека тренингот се одработи во максимална работна атмосферам, а свој коментар за самиот тренинг и за утрешниот дуел со Бахреин, имаше Жарко Пешевски.

После секое вакво тешко патување, кратко е времето за одмор, но максимално се подготвивме, иако времето беше кратко, максимално се подготвивме за овој тренинг и го дадовме максимумот. Се надевам дека ги исполнивме барањата од селекторот“ посочи нашиот репрезентативец и продолжи…

На овој турнир ќе настапат репрезентации кои ги респектираме и кои че ни дојдат многу добро да се подготвиме за ЕП. Бахреин е репрезентација за почит, но си имаме свои планови за иднина. Резултатот и не е толку битен, фокусот на нашата игра, да се покажеме во одлилчно издание и да ги намалиме сите тие недостатоци што сме ги имале во минатото и да бидеме подобри во иднина“ заврши Пешевски.

На турнирот во Швајцарија, покрај мечот со Бахреин, Македонија ќе се “тестира“ и со домашната селекција и со Украина.

ПретходноНаумовски на голот на Работнички!
СледноАтаман: Ако не ја освоиме Евролигата или грчкото првенство – си одам!