Навивачката група на ФК Вардар, популарните Комити претпладнево ја пренесоа информацијата дека денеска почина нивниот член, и легенда на скопското навивање, Никола Јорданоски – Чичо Коле.
Тој беше еден од најистакнатите членови на навивачката група Комити и човек кој што одбележа една цела декада од нејзиното постоење. Константно присатен како на домашните мечеви, така и на гостувањата, Чичо Коле, беше, е и ќе остане пример за тоа како се сака и се навива за најдобриот македонски фудбалски колектив, ФК Вардар.















