Словенечката ѕвезда во скијачки скокови Домен Превц вчера беше крунисан за нов крал на новогодишната турнеја „4 скокалници“. Со две први и две втори места тој успеа да ја добие битката со Австријците и на крајот да се закити со престижниот „Златен Орел“.
Сепак, покрајпризнанието, Превц заработи и одлична парична награда. Во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен, тој добил 18.175 евра за прво место во квалификациите и прво место на натпреварувањето. Во Инсбрук, инкасираше 11.500 евра за второ место (беше само 30-ти во квалификациите), а на последната станица во Бишофсхофен, доби 14.675 евра (11.500 за второ место и 3.175 евра за победа во квалификациите). Покрај тоа, како вкупен победник на новогодишната турнеја, тој доби уште 100.000 евра од наградниот фонд.
Вкупно, Словенецот од новогодишната турнеја заработи 162.525 евра, сума на која останува да плати данок.










