Ракометарите ги „спакуваа“ куферите, Швајцарија – последна станица пред ЕП

300

Македонската ракометна репрезентација се одјави од Скопје. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци отпатуваа за Швајцарија каде ќе ги одиграат последните контролни натпревари пред стартот на Европското првенство.

Нашите ракометари ќе бидат во Винтертур, каде ќе се одржи „Жолтиот Куп“. Македонија ќе ги одмери силите со Бахреин, Украина и Швајцарија.

08.01. Македонија – Бахреин 20:30 часпт

09.01. Македонија – Украина, 17:45 часот

10.01. Македонија – Швајцарија, 18:30 часот

По завршување на турнирот, македонската експедиција ќе замине во Данска каде ќе ги направи последните подготовки за ЕП. Прв противник е токму домаќинот, дуелот со Данска е на 16. јануари, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на 20 јануари играме против Романија.

ПретходноНајдобриот клуб во Европа и светот останува без тренер?
СледноУште една смена на Островот