Студеното време и обилните снежни врнежи предизвикаа проблеми во Холандија пред новите натпревари кои треба да се одиграат викендов. Холандската фудбалска федерација денеска објави дека сите професионални натпревари закажани за в петок се откажани.
Ова се однесува, меѓу другото, на натпреварот меѓу НЕЦ Нијмеген и Утрехт во холандската елита.
„По консултации со локалните вклучени страни, раководството на лигата за професионален фудбал ја донесе оваа одлука: да се откажат сите петочни натпревари. Постои сомнежите за состојбата на терените, безбедноста на играчите, гледачите и персоналот во и околу стадионите, а врз основа на моменталните временски прогнози поради екстремните временски услови, условите нема да се променат до викендов. Во наредните денови ќе биде донесена одлука за натпреварите закажани за сабота, недела и понеделник“, се вели во соопштението.










