Удинезе го „украде“ големиот колумбиски талент

130
FOTO UDINESE FACEBOOK

Хуан Давид Аризала, големиот колумбиски фудбалски талент и официјално е нов член на тимот на Удинезе.

Иако играчот кој што „оперира“ по левата страна се сметаше за сигурно засилување на Милан, сепак тој пристигна во Удине.

Трансферот од неговиот матичен Индепендиенте е вреден три милиони евра плус 10% од следниот трансфер.

Клучниот момент момчето од Меделин, да го промени Милано за Удине е фактот што во Удинезе му го гарантираат првотимскиот статус веднаш додека Милан планираше да го испрати на позајмица во францускиот Тулуз.

 

ПретходноПочина Вардаровата навивачка легенда, Чичо Коле
СледноКелн го позајми дефанзивецот на Манчестер Сити