Халанд “тресеше“ ама Сити киксираше, Росениор имаше што да види во поразот на Челзи!

219
ФОТО: Manchester City/FB

Манчестер Сити на свој терен не успеа да слави против Брајтон, одигра само 1:1, во меч од 21.коло во Премиерлигата. Ова значи дека утре Арсенал, ако слави против Ливерпул може да избега на +8 бодови.

Халанд во 41.минута од пенал стрелаше за 1:0, и кога се мислеше дека тоа ќе биде рутинска победа на составот на Пеп Гвардиола, Митома погоди во 60.минута за конечни 1:1.

Челзи поразен на гости кај Фулам со 2:1. Новиот стратег Лиам Росениор беше на стадионот, но не го водеше тимот. Уште во 22.минута Кукуреља доби црвен картон и Челзи остана со играч помалку. Хименес и Вилсон беа стрелците за Фулам, а Делап успеа во 72.минута само да израмни на 1:1,но и тоа не беше доволно барем за бод.

На останатите мечеви Борнмут го победи Тотенхем со 3:2, Брентфорд со убедливи 3:0 славеше со Сандерленд, Кристал Палас и Астон Вила одиграа без голови и Евертон и Вулверхемптон одиграа 1:1.

ПретходноШоу на Нено во дебито за Баерн! (ВИДЕО)
СледноИнтер ја “реши“ Парма на нејзин терен!