Шоу на Нено во дебито за Баерн! (ВИДЕО)

1432
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Вечерва Ненад Димитријевиќ дебитираше, и тоа со победа, во дресот на Баерн Минхен во меч од 20.коло во Евролигата против Басконија.

Македонецот веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за составот на стратегот Светислав Пешиќ, и доби голема минутажа колку за прв меч.

Уште во првата четвртина после тајм – аутот на Пешиќ и веднаш серија од 19-6 за 24-18. И Нено почна да игра како што само тој знае. Асистенции, цепелини, поени, едноставно Македонецот и тоа како го “размрда“ својот тим.

Ненад Димитријевиќ мечот го заврши со 8 поени, 3 скокови и 4 асистенции.

Овој натпревар Баерн го доби со 96-89 иако Басконија во поголем дел од средбата имаше водство. Сепак за нас најважно е што Нено покажа дека е вистински мајстор на кошаркарската игра.

 

ПретходноЕнтони Дејвис не сака нов договор со Далас, бара да си замине
СледноХаланд “тресеше“ ама Сити киксираше, Росениор имаше што да види во поразот на Челзи!