Атаман: Ако не ја освоиме Евролигата или грчкото првенство – си одам!

539

Главниот тренер на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Ергин Атаман, даде смела изјава за време на тренингот на тимот денеска.

„Верувам во моите играчи и во нашиот тим. Доколку не ја освоиме Евролигата или грчкото првенство до крајот на сезоната, ќе ја напуштам Атина“, рече турскиот тренер.

Панатинаикос моментално е на 7-мо место на табелата во Евролигата по 20 кола. Во грчкото првенство, тимот е на 2-ро место со само едне пораз во 12 одиграни натпревари.

ПретходноПешевски: Бахреин е противник за почит, сепак ние си имаме свои планови!
СледноМоќна Барса: Каталонците го декласираа Билбао за пласман во финалето во Супер Купот!