Наумовски на голот на Работнички!

642

Како што дознава СпортСпорт, искусниот Кристијан Наумовски е новиот голман на Работнички. Откако Васко Василев, кој во есенскиот дел беше прв голман на тимот од Дебар Маало, се пресели во Струга ТЛ, токму Наумовски е изборот на раководството на Работнички за чувар на мрежата.

Колку се потсетување, Наумовски пред 15 години беше дел од Работнички, потоа карерата го носеше Левски Софија, Динамо Букурешт, играше и на Малта,се врати во Македонија на голот на Шкупи а во последните години постојано беше на Далечниот Исток.

Инаку Наумовски има и 6 настапи за нашата најдобра фудбалска репрезентација, а бранеше на 12 меча на У-21 селекцијата на Македонија.

ПретходноЕлмас повторно стартер: Наполи се спасуваше од пораз на “Марадона“!
СледноПешевски: Бахреин е противник за почит, сепак ние си имаме свои планови!