Ужас: Еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата има рак! (ФОТО)

387

Ужасни вести од Англија. На фудбалската легенда Кевин Киген му е дијагностициран рак, објави неговото семејство. Поранешниот напаѓач и селектор на Англија, кој има 74 години, неодамна беше примен во болница поради „долгорочни абдоминални симптоми“, според соопштението, а пишува и Скај Спорт.

„За време на овие тестови, беше утврдена дијагноза за рак, за кој Кевин ќе биде подложен на третман“, се додава во соопштението.

Исто така и Њукасл, неговио поранешен клуб објави за Киген.

Колку за потсетување Киген беше дел од легендарниот Ливерпул во 70-тите години од минатиот век, потоа направи трансфер во Хамбургер. Беше најдобар во селекцијата на Англија, а и како тренер имаше успеси.

ПретходноКаква “бомба“ би било тоа: Аморим пред шокантен ангажман?!
СледноЕлмас повторно стартер: Наполи се спасуваше од пораз на “Марадона“!