Англискиот фудбалски клуб Вест Бромвич Албион денеска ја прекина соработката со тренерот Рајан Мејсон, по само седум месеци на клупата.
Мејсон заминува во момент кога Вест Бромович се наоѓа на 18. место во Чемпионшип со 24 екипи. Триесет и четиригодишниот стручњак минатото лето потпиша тригодишен договор, што му беше прва постојана работа како главен тренер, по два мандати во улога на привремен шеф на стручниот штаб во Тотенхем.
Во Тотенхем, Мејсон ја презема екипата по заминувањата на Жозе Мурињо во 2021 година и Антонио Конте во 2023 година.
Тој е четвртиот тренер што го напушта Вест Бромович во последните пет сезони, откако клубот испадна од Премиер-лигата.
Клубот соопшти дека помошниот тренер Џејмс Морисон привремено ќе ја води екипата, почнувајќи од натпреварот од третото коло на Лига купот на Англија против Свонси, кој е закажан за недела.










