Челзи подготви 75 милиони за Фермин Лопез

139

Офанзивецот на тимот на Барселона, Фермин Лопез е сериозна трансфер мета на тимот на Челзи кој што е подготвен да го откупи играчот за цели 75 милиони евра.

Тој подолг период е мета на премиерлигашот, а летоска до трансфер не дојде. Сепак, најавите се важечки и понатаму.

Па така, шпанските медиуми ја споменуваат горенаведената сума, која што Челзи е подготвен да ја плати, откако интерните преговори за некоја помала сума не вродија со плод.

Челзи не е во најдобра играчка и резултатска форма во моментов, го смени и менаџерот, па евентуална вака „бомба“ во овој трансфер преоден рок, може и тоа како добро да дојде.

 

ПретходноАртета: Знаеме како да го победиме Ливерпул
СледноСнегот пречка за одигрување на првиот меч на Арсими во Хрватска