Нено по дебито за Баерн: Морам брзо да научам некои работи, Пешиќ ми дава слобода!

1606
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Вчера во Минхен, во меч од Евролигата, нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ го имаше своето деби во дресот на Баерн. Неговиот тим победи а Македонецот имаше и тоа како успешно деби. Со своите асистенции и разигрување, цепелини, се виде дека ќе биде големо засилување за “баварците“.

По мечот за клупскиот сајт истакна:

Минатата година бев тука како противник, но се чувствувам подобро кога се работи за домашни навивачи. Се радувам на иднината и сум среќен поради победата. Мислам дека игравме поагресивно во второто полувреме, подобро ги контролиравме нивните офанзивни скокови. А кога имате шутер како Анди, тешко е да ве победите како тим. Со Анди, сигурен сум дека ќе добијам уште неколку асистенции оваа сезона. Само сакав да му помогнам на тимот, да внесам малку енергија. Се надевам дека ќе биде уште подобро. Тренерот Пешиќ само ми дозволува да бидам свој. Имав само еден тренинг со тимот, нов сум. Морам брзо да научам некои работи.“ посочи Димитријевиќ.

ПретходноФИФА ќе ги скенира играчите на Светското првенство за да направи аватари за офсајд
СледноШто се случува во Лацио: Тренерот не го знае најновото засилување вредно 13 милиони евра!