Тре Јанг кариерата ја продолжува во Вашингтон! (ФОТО)

193
ФОТО: Atlanta Hawks/FB

Она што се најавуваше во НБА и се оствари со големата размена која ја потресе најсилната лига во светот. Атланта Хокс одлучија да направат драстичен потег и ја испратија својата најголема ѕвезда, четирикратниот Ол-стар Треј Јанг, во Вашингтон Визардс.
Според информациите што ги даде ЕСПН, Хокс за возврат ќе го добијат искусниот Си-Џеј Меколум, како и младиот шутер Кори Кисперт, што јасно покажува дека Атланта влегува во нова фаза на реконструкција на тимот. Треј Јанг со години е лицето на франшизата од Џорџија, лидер на тимот и еден од најатрактивните плејмејкери во лигата.


Неговото заминување означува крај на кратката ера во Атланта што кулминираше со финалето на Источната конференција, но и почеток на нов проект во Вашингтон, кој со овој потег испраќа јасна порака дека сака да направи скок кон врвот на Источната конференција.
Од друга страна, „Јастребите“ добиваат докажана офанзивна опција во Меколум, играч со богато искуство во плејофот, додека Кисперт носи дополнителна ширина и шут за три поени, што би можело да биде клучно во наредните сезони.

ПретходноДончиќ фантастичен, ама Лејкерси поразени од Сан Антонио! (ВИДЕО)
СледноАрне Слот: „Не би се согласил дека Ливерпул станал здодевен за гледање“!