Бахреин прв тест за македонските ракометари во 2026 година!

510

Македонската ракометна репрезентација во следните три дена ќе одигра три пријателски натпревари во рамките на подготовките за настап на Европското првенство кое стартува на 15. јануари.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци се учесници на „Жолтиот Куп“, кој се одржува во Винтертур. Прв противник на нашите ракометари е репрезентацијата на Бахреин, дуелот се игра денеска со почеток во 20:30 часот. Покрај оваа селекција, Македонија ќе ги одмери силите и со Украина и Швајцарија.

РАСПОРЕД

08.01. Македонија – Бахреин 20:30 часoт

09.01. Македонија – Украина, 17:45 часот

10.01. Македонија – Швајцарија, 18:30 часот

По завршување на турнирот, македонската експедиција ќе замине во Данска каде ќе ги направи последните подготовки за ЕП. Прв противник е токму домаќинот, дуелот со Данска е на 16. јануари, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на 20 јануари играме против Романија.

ПретходноПеп разочаран по ремито со Брајтон: „Ако не победуваш, не можеш да говориш за титулата!“
СледноВардар тргна во снежни услови (ВИДЕО)