Вуковар го декласира Арсими на подготовките во Хрватска

747

Хрватскиот прволигаш Викувар со високи и убедливи 4:0 предмалку го победи тимот на Арсими, кој што во моментов се подготвува на хрватското крајбрежје.

Ова за тимот од Чегране беше првиот контролен дуел на овие подготовки, кој како што самите можете да видите не мина во најдобар ред.

Вуковар поведе со гол во првиот дел односно во 43. минута преку Пуљиќ. Во второто полувреме хрватскиот тим преку Бутиќ, Кулушиќ и Пајванчиќ стигна до конечните 4:0.

ПретходноРистески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“
СледноСилекс во Анталија против Словачко, Согдиана, Динамо Батуми….