Данска ја „растури“ Норвешка, Португалија не издржа против Египет

1422
Фото: ИХФ/Колектиф

Данска уште еднаш покажа зошто е фаворит, не само во групата во која се наоѓа македонската ракометна репрезентација, туку и на целиот шампионат. Актуелниот светски и олимписки првак запиша убедлива победа против Норвешка со 26-34. После израмнетото прво полувреме (13-13), Данска во вториот дел отвори со 15-4 за двоцифрени 17-27 и мирен финиш.

Португалија пак не успеа да го совлада Египет, и покрај тоа што имаше водство. На одморот водеше со 16-11, иако речиси до пред самиот крај имаше позитива, сепак му дозволи на противникот да приреди пресврт за реми 31-31. Браќата Франциско и Мартим Коста беа лидери во редовите на Португалија, заедно постигнаа 15 гола.

Македонија против Данска на 16 јануари го отвара Европското првенство, два дена подоцна е мечот со Португалија.

ПретходноШкендија му се заблагодари на косовскиот фудбалер
СледноРоманците пред мечот со Македонија: Ќе биде битка на живот и смрт!