Панатинаикос ја прекина „црната“ серија, Монако победнички во Валенсија

214
Фото: Панатинаикос Х

Панатинаикос ја победи Виртус Болоња со 84:71 во 21-то коло од Евролигата. Грчкиот тим ја оправда својата улога на фаворит и ја прекина серијата од два порази.

„Зелените“ го контролираа ритамот на играта практично од почеток до крај, и успеаја да ги одбијат сите напади на гостите од Болоња, кои водеа само до средината на првата четвртина.

Тимот на Ергин Атаман на тој начин му се одмазди на Виртус за убедливиот пораз во Италија во првиот дел од сезоната (92:75).

Најдобри играчи за победникот беа Кендрик Нан со 21 поен и Холмс со 16 поени и девет скока. Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше четири поени и пет асистенции, додека Џеди Осман беше стрелец на 11 поени. На другата страна, Карсен Едвардс постигна 24 поени, а Мет Морган 12 поени.

Дербито на вечерта му припадна на Мoнако, кој славеше против Валенсија со 92-101. Гостите одиграа одлично во втората четвртина добивајќи ја со 14-27. Овој момент беше клучен, добија ветер во грб и зачекорија поцврсто кон победата. Диало беше стрелец на 17 поени, еден помалку имаше Недовиќ. На другата страна Тејлор имаше 18 поени.

После овој меч и двата тима имаат ист скор од 14 победи и 7 порази.

На останатите средби Дубаи го победи Фенербахче со 92-81, додека пак Реал беше подобар од Макаби со 98-86.

ПретходноРеал го победи Атлетико за „Ел Класико“ во финалето на Суперкупот
СледноШпанија на нозе: Симеоне брутален кон Винисиус: Запомни што ти реков (ВИДЕО)