Полувреме: Македонија води против Бахреин

1292

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Бахреин во рамките на меѓународниот турнир „Жолт Куп“ има позитив од три гола (15-13).

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници имаа поддршка од македонската фаланга на трибините.

Македонија ја имаше контролата на резултатот во текот на сите 30 минути. Мечот го отвори со головите на Митев и Велковски, а на голот беше одличен и Никола Митревски.  Противникот само еднаш успеа да израмни 2-2. Во 17-та минута Македонија поведе со 8-5 со голот наа Џонов, додека во 22-та минута Ѓоргиев зголеми на 11-7. Нашите момци се разиграа, Митревски запиша значајни одбрани, Македонија ја одржуваше позитивата од четири гола (12-8, 13-9 и 14-10). Во 28 минута, Македонија пропушти шанса да зголеми на плус пет, па прими два гола за 14-12, Павле Атанасијевиќ пред одморот донесе 15-12, Бахреин успеа да реализира за 15-13.

ПретходноМакедонското знаме развиорено во Винтертур (ФОТО)
СледноПСЖ го освои третиот трофеј сезонава против несреќниот Марсеј!