Селекторот на Романија, Георге Буричеа и неговите момци се подготвуваат за настап на Европското првенство. Оваа селекција е еден од противниците на Македонија на шампионатот, дуелот е последен од групната фаза, поточно се игра на 20. јануари.
Романците против нас ја гледаат шансата за победа, а тоа не го криеше предводникот на оваа селекција.
„Ова ќе биде нашето финале во групната фаза. Тоа е екипа на наше ниво, со поголемо меѓународно искуство, бидејќи во последно време не отсуствуваат од завршните турнири. По квалитет не се подобри од нас. Одигравме два пријателски натпревари со нив во Браила и успеавме да победиме. Ќе биде битка на живот и смрт, затоа што таа победа ќе ни даде шанса директно да играме плеј-оф за пласман на Светското првенство и, можеби, против поприфатлив противник“, изјави Бурчиеа за „We love sport“.










