Силекс во Анталија против Словачко, Согдиана, Динамо Батуми….

211

Тимот на Силекс како што е нормално и традиционално последните години звоите зимски подоготовки ги одработува во Анталија. За таму избраниците на тренерот Александар Васоски ќе има пополнет ростер, за кој што сеуште се преговара околу засилувањата, а што се однесува пак до противниците за пријателските средби тука веќе нештата се далеку појасни.

Кратовци веќе ги имаат дефинирано сите пет пријателски средби, а се стартува со дуелот против тимот на Бунјодкор на 19 јануари.

Следен е дуелот против тимот на Словачко четири дена подоцна, за да на 27 јануари Силекс спарингува со тимот на Кудривка од Украина.

Два дена подоцна е дуелот со Согдиана од Узбекистан каде што настапува нашиот Љупче Дориев, а се финишира ден подоцна со средбата против Динамо Батуми.

 

ПретходноВуковар го декласира Арсими на подготовките во Хрватска
СледноЊукасл синоќа го постигна најдоцниот победнички гол во историјата на ПЛ!