Актуелниот македонски младински репрезенаттивец, Адриан Зенделовски предмалку е претставен како нов играч на екипата на Струга Трим Лум.
Играчот кој што за прв пат стапнува на македонско фудбалско тло, доаѓа од екипата на Олимпик од Шведска.
Зенделовски инаку е дете на Малме, кој што ги мина сите досегашни македонски младински селекции од У17 до У21.
Сега доаѓа како големо засилување на тимот на Струга ТЛ која што секако играчот за врска пред се може да го користи како младинец во домашниот шампионат.














