Супер Купот во С. Арабија ја одредува судбината на Чаби Алонсо!

462
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Се чини дека Чаби Алонсо се уште не ги убедил првите луѓе на Реал Мадрид, а посебно Флорентино Перез дека е вистинскиот човек за стратег на “кралевите“, да не говориме за фановите на најголемиот клуб во светот.

Вчера во првото полуфинале Барса го победи Билбао со 5:0, додека вечерва во Џеда, Реал и Атлетико, во градското дерби, ќе бијат битка за вториот финалист.

Иако Суперкупот не е толку важен за шпанските клубови, секој дуел меѓу овие тимови е значаен, особено кога е во прашање трофејот, но ако му се верува на угледниот шпански весник „АС“, Супер Купот станува натпреварување од клучно значење за Реал Мадрид и неговиот тренер Чаби Алонсо.

Ас“ пишува дека натпреварот или натпреварите во Џеда директно ќе ја одлучат иднината на главниот тренер на Реал Мадрид. Реал беше поразен од Атлетико со 2:5 во Ла Лига оваа есен, ќе имаат голем мотив да се одмаздат, а ситуацијата на табелата во домашното првенство не е добра за нив, бидејќи по 19 одиграни кола се со -4 зад Барселона. За да биде ситуацијата уште потешка, повредениот Килијан Мбапе нема да игра за Реал во Саудиска Арабија, па останува да се види како ќе реагира Алонсо и каков модел на игра ќе избере, во моментот кога се соочува со најголемиот тренерски притисок што може да го изврши.

ПретходноИ ЕХФ потврди што ја чека Македонија на Европското првенство
СледноЦИЕС: Јамал е најскапиот фудбалер во светот, следуваат Халанд, Мбапе…