Македонската ракометна репрезентација во следните три дена ќе одигра три пријателски натпревари во рамките на подготовките за настап на Европското првенство кое стартува на 15. јануари.
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци се учесници на „Жолтиот Куп“, кој се одржува во Винтертур. Прв противник на нашите ракометари е репрезентацијата на Бахреин, дуелот се игра денеска со почеток во 20:30 часот. Покрај оваа селекција, Македонија ќе ги одмери силите и со Украина и Швајцарија.
РАСПОРЕД
08.01. Македонија – Бахреин 20:30 часoт
09.01. Македонија – Украина, 17:45 часот
10.01. Македонија – Швајцарија, 18:30 часот
По завршување на турнирот, македонската експедиција ќе замине во Данска каде ќе ги направи последните подготовки за ЕП. Прв противник е токму домаќинот, дуелот со Данска е на 16. јануари, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на 20 јануари играме против Романија.










