Хрватскиот прволигаш Викувар со високи и убедливи 4:0 предмалку го победи тимот на Арсими, кој што во моментов се подготвува на хрватското крајбрежје.
Ова за тимот од Чегране беше првиот контролен дуел на овие подготовки, кој како што самите можете да видите не мина во најдобар ред.
Вуковар поведе со гол во првиот дел односно во 43. минута преку Пуљиќ. Во второто полувреме хрватскиот тим преку Бутиќ, Кулушиќ и Пајванчиќ стигна до конечните 4:0.















