Дарен Флечер: Направивме повеќе од доволно за да победиме

183

Синоќа екипата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли во новото коло од Премиер лигата, одигра типичен негов натпревар. Најпрво губеше, па направи пресврт од 1:2, за да прими гол и мечот заврши 2:2.

Принудниот менаџер, Дарен Флечер имаше деби на клупата на Јунајтед и нормално дека по дуелот беше разочаран.

„Длабоко сум разочаран што не го добивме натпреварот. Направивме повеќе од доволно во однос на ударите, создадените шанси и расчистувањата. Сè уште не разбирам целосно зошто голот на Лисандро Мартинез беше поништен“, рече Шкотланѓанецот по натпреварот.

„При резултат 1:2, сакаш сè да одлучиш, да постигнеш уште еден гол. Но, мора да им оддадеме пофалби на Барнли, тие постигнаа добар втор гол. Сепак, фактот дека примивме израмнувачки гол, а не успеавме да постигнеме трет гол е разочарувачки. Вложивме напор и сум задоволен од посветеноста и нивото што го покажаа играчите, но знам дека се способни за повеќе“, додаде Дарен Флечер. 

ПретходноПСЖ го освои третиот трофеј сезонава против несреќниот Марсеј!
СледноБраво: Македонските ракометари победнички против Бахреин!