И ЕХФ потврди што ја чека Македонија на Европското првенство

4622

Последните подготовки се во тек, 24-те учесници на Европското првенство во ракомет ги имаат своите последни тест натпревари пред почетокот на турнирот кој од 15 јануари до 1. феверуари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

ЕХФ го направи ранкингот, кој го прави на основа на резултатите, номинациите и очекувањата.

И Европската куќа на ракометот потврди дека Македонија ја чека пеколно тешка задача, две репрезентации од групата се наоѓаа во Топ 10. 

Данска е прв фаворит за освојување на тронот, додека пак Португалија се најде на шестото место. 

„Кој ќе ги заапре актуелниот светски и олимписки првак на петот кон нивниот трет трофеј на ЕП?, е прашањето на ЕХФ. Новинарите потенцираат дека оваа срепрезентација и во отсуство на врвни играчи, сепак има доволен состав за да биде фаворит, освен тоа игра на домашен терен.

Што се однесува до Португалија, ЕХФ забележа: „Од нула до херој“ беше бајката на Португалија во последните години. Чекор по чекор, тие се искачија по скалите за да станат најголемото изненадување минатата година на Светското првенство во ИХФ, прво оставајќи ги Норвешка и Шведска зад себе во главната рунда, а потоа победувајќи ја Германија во четвртфиналето и стигнувајќи до нивното прво полуфинале. Со шутерска моќ на браќата Коста, креативниот начин на водење на натпреварот со плејмејкерот Салвадор Салвадор и силниот голмански тандем, Португалија е во игра за својот најдобар резултат на ЕХФ ЕУРО, откако заврши шести во 2020 година. Огромна група играчи се добро вежбани бидејќи сите играат за Спортинг Лисабон“.
Топ листат изгледа вака: Данска, Франција, Исланд, Шведска, Германија, Португалија, Хрватска, Унгарија, Шпанија и Норвешка.
ПретходноШто се случува во Лацио: Тренерот не го знае најновото засилување вредно 13 милиони евра!
СледноСупер Купот во С. Арабија ја одредува судбината на Чаби Алонсо!