Тимот на Работнички денеска требаше и официјално да ги започне своите зимски подоготовки но до старт не дојде.
Како што велат неофицијалните информации од Дебар Маало, играчите одбиле да тренираат, односно да ги започнат подготовките, поради заостанатите долгови. Поточно, ќе започнат тогаш кога ќе им бидат исплатени истите.
Па така, за жал, Муарем Муарем, новиот шеф на стручен штаб не го дочека стартот на подготовките, барем засега, а ќе видиме што ќе се случува во следните неколку дена.
Работнички инаку се наоѓа во многу тешка резултатска состојба и е предпоследен на табелата во ПМФЛ шампионатот со само седум бода.














