Она што го најави СпортСпорт уште пред неколку дена, од денеска е и официјално. Фахд Ндзенгуе, досегашниот напаѓач на Брера Струмица, во следниоит период ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Македонија и учесник во 1/16 финалето во Лигата на Конференции. Шкендија не се шегува, успеа да го донесе еден од најдобрите напаѓачи во ПМФЛ.
Ндзенгуе има 25 години, досега во својата кариера имал и три настапи за селекцијата на Габон. Јасно е дека тој е екстра, големо засилување на тимот предводен од стратегот Јетон Беќири.
Ова е второ засилување за шампионот оваа зима, пред неколку дена Шкендија се засили и со Дрилон Ислами.















