Фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва го освоија Суперкупот на Франција, откако во Кувајт ја совладаа екипата на Марсеј.
По резултат 2:2 во регуларните 90 минути, тимот на Луис Енрике славеше по изведувањето пенали со 4:1.
„Светците“ така го додадоа својот 14. трофеј од францускиот Суперкуп во клупската ризница, како и четвртиот пехар во низа по голема борба со најлутиот ривал во земјата.
Од почетокот на сезоната, за ПСЖ ова е трет трофеј, откако ги освоија и Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
The #TrophéeDesChampions is ours! 🏆❤️💙 https://t.co/0jDrwcfXRk pic.twitter.com/9N5VKV1vgh
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 8, 2026










