Тимот на Силекс како што е нормално и традиционално последните години звоите зимски подоготовки ги одработува во Анталија. За таму избраниците на тренерот Александар Васоски ќе има пополнет ростер, за кој што сеуште се преговара околу засилувањата, а што се однесува пак до противниците за пријателските средби тука веќе нештата се далеку појасни.
Кратовци веќе ги имаат дефинирано сите пет пријателски средби, а се стартува со дуелот против тимот на Бунјодкор на 19 јануари.
Следен е дуелот против тимот на Словачко четири дена подоцна, за да на 27 јануари Силекс спарингува со тимот на Кудривка од Украина.
Два дена подоцна е дуелот со Согдиана од Узбекистан каде што настапува нашиот Љупче Дориев, а се финишира ден подоцна со средбата против Динамо Батуми.















