Агим Ибраими е нов директор на Партизани Тирана

876

Најтрофејниот албански клуб ја почна мисијата враќање на фудбалскиот трон во својата земја, за таа цел како прв потег е назначувањето на Агим Ибраими за нов спортски директор на клубот.

Поранешниот капитен на македонскиот национален тим во текот на денешниот ден ќе ја има својата промоција на новата функција, како што дознаваме после неколку неделни преговори моќниот албански бизнисмен, Газменд Деми успеал да го убеди познатиот фудбалер да се нафати на новиот предизвик.

Агим Ибраими во текот на минатата сезона имаше успешна мисија во Албанија каде на директорската функција успешно го спаси тимот на Тирана, кој успеа да опстане во лигата, а во моментов е закован на дното на табелата. Инаку, Тирана е најголемиот ривал на Партизани.

Ибраими во минатото покрај тоа што настапуваше за Салзбург, Олимпија, Марибор, Каљари и Астана, во Албанија ги бранеше боите за екипите Кукс и Динамо Тирана.

Со својот авторитет и фудбалско менаџирање тој ги освои симпатиите на фудбалските работници, а воедно тој е актуелен член на Управниот Одбор на ФФМ.

ПретходноЃоргиев: Среќни сме за победата! Верувам дека ќе бидеме подобри!
СледноАморим нема да остане долго без работа, веќе е позната неговата следна дестанија?