Еден дуел во НБА е одложен: Со крпи се обидуваа да го спасот мечот

863

НБА натпреварот помеѓу Чикаго Булс и Мајами Хит, закажан да се игра во четврток вечерта во Јунајтед Центарот во Чикаго, беше одложен по речиси два часа чекање поради влажен и лизгав под. И покрај напорите на персоналот во салата да го исуши теренот, условите за игра беа небезбедни и беше донесена одлука да се одложи.

Натпреварот требаше да започне во 19:05 часот по локално време, но набрзо стана јасно дека има проблем со кондензација на теренот. Додека работниците се обидуваа да ја решат ситуацијата со партали и крпи, играчите од двата тима се загреваа, шутираа и чекаа понатамошни инструкции. Околу 40 минути по закажаниот почеток, беше објавено дека натпреварот нема да започне до 20 часот.

Сепак, бидејќи ситуацијата не се подобри, играчите и тренерите беа вратени во соблекувалните околу 19:50 часот. Тие повторно се појавија на теренот околу 20:25 часот, а тренерите Били Донован и Ерик Споелстра разговараа покрај теренот.

По кратка евалуација, тимовите дефинитивно се повлекоа во 20:45 часот, а во 20:53 часот пристигна официјалното соопштение за одложувањето, што предизвика гласен негод од публиката. Новиот датум на натпреварот сè уште не е објавен.

Јунајтед Центарот е дом и на хокеарскиот тим Чикаго Б., кој играше во среда и повторно игра во петок. Се верува дека комбинацијата од мразот под подот и невообичаено топлото и дождливо време во Чикаго за ова време од годината, со температури што достигнуваат 13 степени Целзиусови, создале кондензација и го направиле теренот опасен за играње.

Билс требаше да влезат во натпреварот со резултат од 17-20 и по три последователни порази. За Хит (20-17), ова требаше да биде втора средба во серија од четири гостувања.

ПретходноСимеоне за инцидентот со Винисиус: Не се сеќавам, имам лошо памтење
СледноМакедонија игра против Украина (ЛИНК)