И официјално како што информираат од таборот на Пелистер. Ѓорѓе Белиќ и Петар Ристиќ не се веќе членови на Пелистер. Ова се утнатите „засилувања“ на тренерот Димитар Капинковски кој во поголем дел од сезоната го водеше тимот за да добие отказ по катастрофалните резултати.
За Ристиќ беше јасно пред неколку дена, додека од денеска и Белиќ не е член на Пелистер. Од српсите засилувања останува Лука Булатовиќ. Инаку од Пелистер си оди и искусниот дефанзивец Александар Ристевски, кој кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.
Како што е познато, битолчани под водство на стратегот Милан Стојановски денеска ги стартуваа подготовките.















