Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

85

Натпреварувањето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе стартува на почетокот на февруари со натпреварите од претколото со кои ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза во женска конкуренција, односно четвртфиналните двојки кај мажите.

 

Според пропозициите учеството во Купот на ОФМ 2026 е задолжително за клубовите кои се дел од Првата и Втората лига мажи и жени. Дефинирањето на двојките од претколото во двете конкуренции се прави според пласманот на екипите на табелата по завршувањето на првиот дел од првенството.

 

Кај мажите, првите четири пласирани екипи во првенството, Штип УГД, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и ГОК Борец обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето, додека останатите тимови ќе се соочат во претколото. Двојките се Универзитет во Тетово и Јанта Волеј, Сушево со Скопје, Лирија ќе се соочи со Весна Пробиштип, додека Шкендија ја противник ја има Македонија Џио. Се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобропласираната екипа, а дуелите се закажани за 4 февруари (среда) 2026 година.

 

Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, каде паровите ќе бидат одредени со јавен полудиригиран ждреб. Екипите ќе бидат поделени во две групи според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето исто така ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобропласираните екипи.

 

Во женска конкуренција клубовите кои се дел од Втората лига ќе се соочат меѓусебно во претколото, додека екипите од Првата лига имаат директен пласман во осминафиналето.

Фламинго Волеј – Шкупи, Вардар жени – Универзитет во Тетово, Форца Волеј ЕМА – Бами Кор, Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј, Ново Село – Куманово и Борец – Виктори Волеј се двојките од претколото. Се игра во еден добиен натпревар на теренот на подоброрангираниот тим, на 4 февруари (среда) 2026 година, а победниците продолжуваат во 1/8 финалето.

 

Изгледот на осминафиналната рунда ќе биде дефинират според пласманот од есенскиот дел на сезоната и ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобриот. Победниците од овие дуели ќе обезбедат учество во четвртфиналето.

 

КУП НА ОФМ 2026 МАЖИ

ПРЕТКОЛО, ДВОЈКИ (04.02.2026)

Уни во Тетово – Јанта Волеј

Сушево – Скопје

Лирија – Весна Пробиштип

Шкендија – Македонија Џио

 

КУП НА ОФМ 2026 ЖЕНИ

ПРЕТКОЛО, ДВОЈКИ (04.02.2026)

Фламинго Волеј – Шкупи

Вардар жени – Уни во Тетово

Форца Волеј ЕМА – Бами Кор

Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј

Ново Село – Куманово

Борец – Виктори Волеј

 

ПретходноЛошо прво полувреме: Македонија губи од Украина (17-13)
СледноСтрашно: Еве како изгледа стадионот на Влазeрими во Кичево! (ВИДЕО)