Како што и претходно беше најавено, Демир Имери му се приклучи на Марко Симоновски и стана нов член на тимот на Енозис Паралимни. Каде што тренер е нашиот Бојан Марковски кој очигледно зимава имаше потреба од свежина и нови ликови во навалните редови, па се одлучи за нашите интернационалци.
Имери е искусен крилен играч кој што своевремено беше најмладиот дебитант во ПМФЛ конкуренцијата, а потоа и стандарден член на младинските селекции.
Има искуство и од странство, но и од домашниот шампионат, каде што последно беше дел од тимот на Работнички.










