Снегот прави хаос во Германија: Одложени се два меча од 16.коло во Бундеслигата!

175
ФОТО: DFL Deutsche Fußball Liga/X

Снегот прави хаос во Германија. Токму затоа, според официјалните информации од раководството на Бундеслигата, одложени се два меча од 16.коло. Станува збор за натпреварите Санкт Паули – РБ Лајпциг и Вердер Бремен – Хофенхајм. Стадионите во Хамбург и Бремен се покриени со снег, поради што не се исполнети условите за одигрување на натпреварите. И двата натпревари беа закажани за утре, а новите датуми ќе бидат објавени подоцна. Вториот дел од сезоната во германското првенство започнува вечерва во 20:30 часот со дуел во Франкфурт, во кој се среќаваат Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд. По 15 одиграни кола, Баерн Минхен е водечки, со девет бода предност пред второпласираниот Дортмунд. До крајот на сезоната остануваат 19 кола, а финалето е закажано за 16 мај.

ПретходноСтруга ТЛ во Анталија ќе игра пријателски со Тренчин, Пахтакор, Рубин Казан, Сочи…
СледноБове ја продолжува кариерата после 13 месеци откако му застана срцето?!