Каков спектакл на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата. Голеада во Франкфурт, во меч кој на крајот заврши без победник со тие 3:3. Супер интересен меч, се она што е најдобро од Бундеслигата го видовме вечерва.
Веќе во 10.минута гостите со голот на Беиер поведоа со 0:1. Сепак во 22.минута со голот на Узун од пенал домашните дојдоа до израмнува. Овие 1:1 важеа се до 68.минута кога Нмеча одново носи водство за гостите, но само три минути Ебноуталиб израмнува на 2:2.
Супер интересно беше во судиското продолжение. Прво Франкфурт во 90+2.минута преку Дахуд за првпат поведе на ова средба со 3:2, но сепак тука не престанаа возбудувањата. Во шестата минута од судиското продолжение, Чуквуемека успеа да постигне гол за израмнување за конечни 3:3.










